20 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАБруто платата во Франција 1.540 евра

Бруто платата во Франција 1.540 евра

francijapeople1

Просечната месечна бруто плата за 18,8 милиони вработени во Франција, не сметајќи ги менаџерите (раководителите),во тековната година изнесува 1.541 евра.

Платата е за 6,6 проценти поголема од загарантираната минимална заработка, покажува истражувањето на холандската консултантска компанија „Randstad“.

Во првата половина од оваа година растот на заработката на вработените надвор од менаџерскиот сектор била 1,2 проценти на годишно ниво, што е пониска стапка во однос на претходните години – 1,8 проценти во 2013 година, 2,2 проценти во 2012 година и 2,4 проценти во 2011 година, пренесува агенцијата Франс прес.

Кога станува збор за куповната моќ, имајќи ја во предвид инфлацијата од 0,6 проценти, таа се зголемила за само 0,65 проценти за првите девет месеци.

Истовремено, минималната бруто плата од први јануари до крајот на септември е зголемена за 1,05 проценти, на 1.445,38 евра, со што овие две категории – просечна и минимална заработка – доста се приближија, истакнуваат авторите на студијата.

Според податоците на францускиот статистички институт ИНСЕЕ, вработените во не-менаџерскиот сектор сочинуваат 82 проценти од вкупниот број на вработените, односно околу 18,8 милиони лица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП