17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоранешен директор на ММФ потрошил 99.000 евра користејќи службена кредитна картица

Поранешен директор на ММФ потрошил 99.000 евра користејќи службена кредитна картица

kreditni-karticki

Владејачката Народна партија во Шпанија го исклучи од своите редови поранешниот генерален директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Родриго Ратo и уште неколку членови поради финансиски злоупотреби на положбата.

Тие партиски функционери се наоѓаат под истрага поради сомнение дека користеле службени кредитни картици за лични трошоци.

Рато и уште осумдесетина функционери осомничени се дека го прекршиле законот и илегално потрошиле 15 милиони евра во дискотеки и на сафари патувања користејќи кредитни картици на шпанската Банка наменети за деловни трошоци.

Главната опозициска партија, Социјалистичка партија, веќе ги исклучи своите членови кои беа вклучени во тој скандал, критикувајќи ја Народната партија поради тоа што не го сторила тоа.

Рато, кој беше генерален директор на ММФ од 2004до 2007 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП