22 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИ T-Mobile US го зголеми бројот на претплатници, но ја зголеми и...

T-Mobile US го зголеми бројот на претплатници, но ја зголеми и загубата

T-Mobile-USA

Американскиот оддел на „Deutsche Telekom“ (DT), „T-Mobile US“ објави дека во третиот квартал остварил рекорден раст на бројот на претплатници и тоа благодарејќи на агресивната маркетинг кампања, но ја зголемиле и загубата поради трошоците за интеграција на својата мрежа „MetroPCS“.

Овој четвртти поголемина мобилен оператор во САД направи пресврт во повеќегодишниот тренд на падот во бројот на претплатници, благодарејќи на добриот маркетинг и попустите. Имено, во третиот квартал бројот на претплатници достигна до рекордни 1.4 милиони.

Сега во оваа компанија очекуваат дека во 2014-та ќе привлечат од 4.3 до 4.7 милиони нови клиенти, додека претходно проценуваа дека оваа бројка ќе биде од 3 до 3.5 милиони.

Приходите на „T-Mobile US“ пораснаа во тој период за 10 проценти или на 7.35 милијарди долари, што е во склад со предвидувањата на аналитичарите.

Но, овој оператор извести и за загуба од 12 центи по акција, што е многу повеќе од истиот период во минатата година, кога загубата изнесуваше 5 центи по акција. Како причина за загубата во компанијата го наведуваат гасењето на некомпатибилните мрежи „MetroPCS“ во Бостон и Лас Вегас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП