8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААвтомобилот од 11. коло на наградната со фискални во Скопје

Автомобилот од 11. коло на наградната со фискални во Скопје

fiskalna nagradna

Скопјанката Билјана Коцев е добитникот на автомобилот Пежо 208 кое се доделуваше во 11 извлекување од наградната игра „Фискална во рака, награда без мака“.

Покрај автомобилот во вчерашното извлекување доделени се и 30 вредносни ваучери во вредност од 3.000 до 60.000 денари и 120 вредносни ваучери за прехранбени продукти во вредност од по 1.000 денари.

Досега од наградната игра чиј приредувач е Државна лотарија на Македонија под покровителство на Министерство за финансии, се доделија два стана и тоа на добитникот Трајко Кузмановски од Куманово и добитничката Весна Угриновска од Велес, два деловни простора, како и 11 автомобили. Покрај главните награди за претходните 11 извлекувања доделени се и 1.650 вредносни ваучери од 60.000 до 1000 денари на добитници ширум Македонија.

Имињата на добитниците, во рок од три дена по секое извлекување, ќе бидат објавувани во дневниот печат и на веб страната на Државна лотарија на Македонија.

Следното 12 коло од оваа наградна игра ќе се реализира на 24 ноември 2014. Во него, учествуваат сите коверти испратени со сметки кои се валидни од најран датум 15.11.2013та година, во стандарден бел коверт во кој покрај фискалните сметки треба да има посебен лист на кој ќе бидат наведени податоците на испраќачот: име, презиме, адреса и контакт телефон.

Ковертот мора да биде адресиран и на него не треба да биде напишано ништо друго освен адресата на организаторот и намената – за наградна игра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП