8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИталија попушта под притисокот на ЕУ

Италија попушта под притисокот на ЕУ

italija(1)4455652232

Италија, чиј јавен долг е речиси двојно поголем од пропишаниот во ЕУ, вети дека ќе воведе дополнителни мерки со цел структурниот дефицит на буџетот да го намали за 0,3 проценти од БДП.

Италијанскиот министер за економија Пјер Карло Падоан упати писмо до потпретседателот на Комисијата, Јиркију Катаинен, откако Италија го одложи балансирањето на структурниот буџет од 2015 на 2017, пренесува агенцијата Франс прес.

Официјален Рим наведува дека ќе ги забрза напорите да го намали огромниот јавен дефицит и долг откако претходно порача дека структурниот дефицит наредната година ќе биде намален за само 0,1 проценти од БДП.

Италијанската влада пред две недели, само неколку часа пред истекот на рокот кој го постави ЕУ, го усвои буџетот за 2015 година, најавувајќи намалување на даноците за 18 милијарди евра.

Со буџетот, исто така, е предвидено намалување на јавната потрошувачка за 15 милијарди евра, додека од борбата против затајувањето на даноци Италија би требало да собере 3,8 милијарди евра, Покрај тоа, буџетот за 2015 година предвидува и дополнително задолжување од 11 милијарди евра, што ја загрижи Комисијата.

Иако Италија овој месец избегна да падне во третата рецесија во последните шест години, владата предвидува дека јавниот долг во 2015 година ќе достигне 133,4 проценти од БДП, што е двојно повеќе во однос на лимитот од 60 проценти кој е пропишан од ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП