Компанијата „Lamborghini“ го претстави својот нов модел „Lamborghini Aventador LP700-4 Roadster“. Ова е највозбудливиот сериски произведен модел кој досега бил направен, како и модел кој ги претставува новите стандарди во светот на отворените луксузни спортски автомобили.
Понесени од успехот на купе верзијата која беше претставена во 2011-та година, овој произведувач сега нуди кабриолет верзија на „Aventador“, возило кое совршено го балансира ултимативното возачко искуство со софистицираностa на спортскиот модел.
„Lamborghini Aventador LP700-4 Roadster“ моментално се препознава по уникатниот профил на предниот дел, кој понатаму се шири во должина на новодизајнираните геометриски линии од подвижниот покрив до погонскиот мотор.
Дизјанот на моделот е резултат на внимателните судии кои на најдобар можен начин ги комбинира перформансите, елегантниот стил, лесната употреба и возачкото искуство кое носи возбуда на сите сетила на возачот и совозачот.