Вредноста на малопродажбата во Јапонија во септември е зголемена за 2,3 проценти во однос на истиот месец минатата година, што укажува на прогресивно закрепнување на потрошувачката.
Аналитичарите за истиот месец во просек очекуваа раст од 0,6 проценти, по зголемувањето од 1,2 проценти во август, пренеусва Ројтерс.
Ова е воедно најголемата стапка за растот на потрошувачката на годишно ниво, започнувајќи од март оваа година.
Истиот извор потсетува дека Владата во Пекинг во април ја зголеми стапката на данок на додадена вредност од пет на осум проценти, што доведе до остар пад на потрошувачката.
Зголемувањето на истата стапка на 10 проценти е предвидено за наредната година, што наидува на отпор во некои политички кругови кои бараат одложување на оваа мерка.