17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПродолжи намаленото кредитирање на приватниот сектор

Продолжи намаленото кредитирање на приватниот сектор

ecb3

Кредитирањето на приватниот сектор во еврозоната, како показател на здравјето на економијата, е намалено во септември на годишно ниво, но во малку помал обем отколку во август, соопшти вчера Европската централна банка (ЕЦБ).

Обемот на кредити одобрени на приватните компании и домаќинствата е намален во септември за 1,2 проценти во споредба со истиот месец во 2013 година, што е малку пониско од падот на кредитирањето од 1,5 проценти во август, се наведува во соопштението на ЕЦБ, пренесува агенцијата Франс прес.

Залихите на пари (М3), како показател на идната инфлација, во септември, на годишно ниво, пораснале за 2,5 проценти, што е повеќе во однос на зголемувањето во август од 2,1 проценти.

Долгорочната и длабока финансиска криза во 18-члената еврозона лошо се одрази на кредитирањето, така што и нанаесе штета на целокупната економска активност во тој блок.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП