2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЈапонска Toyota не го дава тронот!

Јапонска Toyota не го дава тронот!

Japan  Earns Toyota

Јапонска „Toyota“ во првите девет месеци од оваа година остана најпродаваниот автомобилски бренд во светот во однос на конкурентите „Volkswagen“ и „General Motors“ (GM).

Причината за тоа е рекордната продажба од 7,615 милиони возила, три проценти повеќе во однос на истиот период од минатата година.

На почетокот на овој месец, „Volkswagen“ соопшти дека во периодот јануари-септември продале 7,4 милиони автомобили, со што за „влакно“ го надмина „GM“ кој продал 7,372 милиони возила и камиони ширум светот, пренесуваaт светските медиуми.

Само во првото полугодие, „Toyota“ има продадено скоро 5,1 милиони автомобили, додека во минатата година оствари продажба од рекордни 9,98 милиони автомобили.

За оваа година, „Toyota“ прогнозира продажба од 10,2 милиони возила, што би било рекорд во автомобилската индустрија. Работењето на јапонскиот производител на автомобили, кој ги произведува седанот „Camry“, хибридот „Prius“ и луксузните модели на „Lexus“, се уште е добро и покрај потешкотиите на домашниот пазар, каде растењето на стапката на данокот за додадена вредност (ДДВ) ја намали вкупната потрошувачка, а особено во купувањето на автомобили.

„GM“ преку седум децении беше најпродаван автомобилски бренд на светот, но во 2008-ма година титулата му ја одзема „Toyota“. Во 2011-та, „GM“ повторно се врати на лидерската позиција, кога производството на јапонскиот гигант беше погодено од земјотреси и цунами во североисточниот дел од земјата.

Враќањето на „Toyota“ се случи во 2012-та и остана на сила и минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП