21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИма ли крај на германскиот пад?

Има ли крај на германскиот пад?

padpadot251vfd1v

Деловната доверба во Германија, најголемата европска економија, опадна шести месец по ред.

И тоа во момент кога загриженоста поради немирите во Украина и другите кризни подрачја продолжува да го зема својот данок, соопшти институтот Ифо.

Овој Институт за економски истражувања во Минхен, наведе дека неговиот индекс на доверба се намалил во октомври на 103,2 поени од 104,7 поени во септември, додека исто така, опаднала и проценката на деловните лидери за нивната сегашна ситуација, како и очекувањата за наредните шест месеци.

И германската влада и независните економисти ги намалија своите прогнози за растот на Германија, по низата разочарувачки индустриски податоци за август.

Економистите предупредуваат дека доколку меѓународната криза ескалира или се прошири епидемијата на ебола во Афика, тоа може уште повеќе негативно да влијае на економските изгледи.

Истражувањето, Ифо, го прави врз основа на податоци од 7.000 компании од различни сектори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП