18 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГрчки фирми под истрага за увоз на коњско месо од Бугарија

Грчки фирми под истрага за увоз на коњско месо од Бугарија

grcki-kompanii

Грчките власти вршат истрага за две фирми фантоми, кои во Атина и Солун увезле непознато количество коњско месо од Бугарија, објави грчкиот весник „Елефтеротипија“.

По барање на државната служба за контрола на храната, случајот е преземен од финансиската полиција и од Обвинителството.

Увозот на коњско месо не е незаконски, но на конкретните пратки меленото месо е етикетирано како говедско.

Седиштето на една од фирмите е на нива, а на другата во градски реон кој нема никаква врска со конкретната компанија.

Според податоци на Европската статистичка служба (Евростат) на кои се повикува весникот, во Грција досега биле конзумирани 74,3 тони коњско месо.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП