12 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКупувачите останаа рамнодушни на Аudi А6 Hybrid

Купувачите останаа рамнодушни на Аudi А6 Hybrid

a 6 hibrid 2

„Audi“ одлучи да го повлече од продажба моделот „A6 Hybrid“ поради малиот интерес од страна на купувачите.

Гамата на моделот „A6“ е редизајнирана на почетокот на септември, но меѓу „освежените“ возила нема да биде „Audi A6 Hybrid“. Германскиот производител беше принуден да го укине овој модел со оглед дека од неговото претставување во 2011-та година, до денеска, продадени се само 4.000 примероци.

Audi A6 Hybrid“ користи за погон четирицилиндарски 2.0-литарски „TFSI“ турбо-бензинец со 211 ks (155 kW), кој е поврзан со електромотор од 45 ks (33 kW).

Вкупната комбинирана моќ на хибридниот погон изнесува 245 ks (180 kW), a автомобилот е во состојба да развие 480 Nm максимален вртежен момент.

„Audi A6 Hybrid“ забрзува од место до „стотка“ за 7.3 секунди и достигнува максимални 238 km/h. Според фабричките податоци, просечната потрошувачка е 6.2 l/100 km, емисијата на „CO2“ изнесува 142 g/km, додека возилото е во состојба да помине скормни 3 km ако за погон го користи само електричниот мотор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП