14 јули, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНа повидок војна меѓу Google и Самсунг

На повидок војна меѓу Google и Самсунг

vojna

Андроид напредуваше многу повеќе отколку што можеше да се претпостави, а најголема заслуга за тоа имаше Самсунг.

Производите на Самсунг завземаат 40 проценти од сите продадени уреди кои имаат Андроид.

Доколку овој раст продолжи, Самсунг би можел да се обиде да ја искористат својата доминација на пазарот.

Во неодамнешниот натпис во „Wall Street Journal“ се наведува дека „Google“ стравува од Самсунг и дека се надеваат дека некој друг производител ќе се обиде да ја спречи оваа доминација.

„Google“ заработува од реклами, а со сите податоци од Андроид системите им пристигнуваат повеќе пари. Меѓутоа, постои стравување дека Самсунг ќе бара поголем дел од овие приходи. Судејќи по „Wall Street Journal“, Самсунг добива само 10 проценти од приходите, но ништо не го спречува да побара повеќе.

Минатата година „Google“ ја купи Моторола и се обиде да ги превземе работите во свои раце. Со оглед на фактот дека телефонот Моторола Х ќе излезе ова лето, и со големата рекламна кампања која го следи, која „Google“ може да си ја дозволи, можно е да дојде до нова технолошка војна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП