27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранцузите без пензија

Французите без пензија

francuzi1

Секој трети Французин не штеди за својата пензија, откако ќе набави станбен простор, покажува истражувањето кое го спроведе банката HSBC.

Како што пренесуват француските медиуми, главна причина поради која граѓаните не штедат е тоа што нивните приходи се доволни само за подмирувањето на дневните трошоци.

Секој трет Французин изјавил дека престанал да штеди поради отплата на станбен постор, а секој петти како главна причина ја навел економската криза.

Французите сметаат дека пристојна пензија е онаа која изнесува 26,000 евра годишно, за да можат да ги подмират сите трошоци што се поврзани за домаќинството, а просечниот пензионерски приход на домаќинствата во Франција изнесува 18,370 евра.

Гледано од глобална перспектива, за 53 проценти од Французите пензијата значи слобода.

Истовремено, 62 проценти од анкетираните лица изјавиле дека ќе имаат тешки финансиски проблеми во тој период од животот, тие дури се сомневаат дека ќе успеат да го остварат правото на пензија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП