9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПроизводите и услугите со еколошка ознака влијаат позитивно врз природата

Производите и услугите со еколошка ознака влијаат позитивно врз природата

ecologo[1]

Еколошкото означување на производи и услуги значи исполнување одредени услови кои нема штетно да влијаат врз животната средина, како и намалување на трошоците на компаниите од 20 до 40 проценти, информира Јадранка Иванова раководител на сектор за Европска унија во Министерството за животна средина и просторно планирање.

Производителите и давателите на услуги, како што појасни на денешната прес-конференција во Стопанската комора на Македонија на тема „Еколошки означени производи и услуги – намалени трошоци за производство, заштита на животната средина и поголем пласман во Европа и светот“, имаат можност во текот на целиот производствен процес и во давањето на услугата да применуваат построги критериуми со кои се обезбедува поголема заштита на животната средина во однос на другите слични или од ист вид производи и услуги.

Еколошкото етикетирање не е задолжително, туку производителите доколку сакаат да ја зголемат својата општествена одговорност и да влијаат позитивно врз животната средина може да ја применуваат.

Сертификатото го издава Министерството за животна средина и просторно планирање, а да може одредена компанија да добие потребно е да исполнува одредени критериуми поделени во две групи, општи и посебни. Доколку се применува еколошката ознака давателот има корист, како што е намалена потрошувачка на електрична енергија, вода, создавање отпад, зголемено користење на обновливи извори на енергија и зголемена комуникација со граѓаните, производителите и со потрошувачите.

Давањето на еколошката ознака го опфаќа целиот производствен процес, што значи почнува од моментот кога се бира суровината, какво влијание има во текот на производствениот процес, колку отпадни материи се создаваат или емисии во воздухот. Влијае врз самиот технолошки процес, дали применува хемикалии или супстанци кои треба да имаат многу мало влијание врз животната средина и како производот или услугата по користењето влијае врз животната средина, односно колкава количина отпад се создава и дали може производот да се реупотребува или рециклира, истакна Иванова.

Министерството, додаде, има донесено осум критериуми за еколошка дозвола, што значи осум видови производи и услуги може да бидат сертифицирани, односно да им биде дадена еколошка ознака. Критериум за детергенти за рачно миење садови, за туристичко сместување, производство на бои и лакови, на мебел, текстил, хигиенска хартија, обувки, шампони и кондиционаери за коса.

Сите критериму се направени врз основа на физибилити студии кои кажаа колку вакви поризводи се произведуваат на територијата на Македонија. Тоа ќе биде корисно за компаниите, односно какви заштеди ќе имаат во текот на производството и колку граѓаните ги користат и можат да влијаат на пазарот и ќе го изберат производот со еколошка ознака, а со тоа ќе придонесат кон намалено влијание врз животната средина, посочи Иванова.

На Македонскиот пазар, според неа, се продаваат производи со еколошка ознака на Европската унија, но сеуште ниту една компанија во земјава нема добиено ваква ознака.

Најголем интерес има за исполнување на еколошкте критериму за туристичко сместување, најблиску сме со четири компании кои очекуваме до крајот на годината да ги добиеме и првите апликации. Се работи за четири хотели од регионот на Охрид, кои се надеваме дека ќе бидат сертифицирани и ќе ја добијат еколошка ознака, рече Иванова.

Дел од компаниите, како што додаде, имаат исполнето поголем дел од критериумите за одделни производи, односно ги применуваат, но немаат аплицирано за еко-сертификат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП