11 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗNissan GT-R зa 2017-та: Хибрид со дизајн од видео игра (фото)

Nissan GT-R зa 2017-та: Хибрид со дизајн од видео игра (фото)

Nissan-Concept-2020-Vision-Gran-Turismo-21

Раководството на „Nissan“ потврди дека следната генерација на моделот „GT-R“ ќе има хибриден погон, додека автомобилот ќе превземе некои стилски елементи од концептот „2020 Vision“ кој беше креиран за потребите на играта „Gran Turismo 6“.

Oд сосема новиот „Nissan GT-R“, кој има фабричка ознака „R36“, не делат три години, а јапонскиот производител откри некои детали за новиот модел.

Еден од шефовите во британското одделение на „Nissan“, Џејмс Оливер, во разговор за „Top Gear“ изјави дека погонскиот систем на моделот „GT-R“ ќе содржи и електромотор и автомобилот ќе биде побрз од актуелната верзија „R35“.

Nissan-Concept-2020-Vision-Gran-Turismo-22

„„GT-R“ во последните неколку години постојано се подобрува, но сега е време за сосема нова генерација. Постојат повеќе начини да се подобрат перформансите на современите автомобил, но ние се одлучивме да додадеме електричен погон, затоа што имаме искуство во таа технологија со нашите електрични модели. Кога актуелната верзија на „Nissan GT-R“ се појави во 2009-та, тоа беше значаен чекор напред. Имаме намера тоа да го сториме и со следната генерација“, вели Оливер.

Тој несакаше да објави повеќе детали за погонскиот систем, но се очекува дека инженерите на „Nissan“ како основа ќе го искористат 3.0-литарскиот „V6“ твин-турбо бензински мотор кој е претставен на авто-саемот во Париз во хибридниот концепт „Infiniti Q80“.

nissan-concept-2020-vision-gran-turismo_100470697_l

Овој бензинец во споменатиот концепт заедно со електромоторот произведува околу 550 ks, a зa потребите на „GT-R“ би можел да биде засилен со уште некој електричен агрегат.

Кога станува збор за дизајнот на надворешноста, Оливер истакна дека виртуелниот концепт „2020 Vision“, кој е креиран за потребите на играта „Gran Turismo 6“, претставуа дизајнерска студија за идниот „GT-R“.

nissan-concept-2020-vision-gran-turismo-gt6-10-640x337

Неговата изјава покажува дека „Nissan“ при обликувањето на моделот „GT-R“ ќе користи стилски елементи од овој концепт.

Пред да се појави следната генерација на „Nissan GT-R“, постоечкиот модел ќе добие уште еден редизајн, најверојатно следната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП