20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХрватска се движи кон банкрот

Хрватска се движи кон банкрот

hrvatskazagrebcroatia

Јавниот долг на Хрватска достигна 252,8 милијарди куни, односно 77 проценти од БДП, а до крајот на оваа година би можел да достигне 81,8 проценти од БДП, наведуваат економските портали.

Еуростат ги објави податоците за јавниот долг на 28 земји членки на ЕУ, а за Хрватска е наведено дека, освен висината на јавниот долг, загрижува и динамиката на неговиот раст и отсуството на фискални мерки за спречување на понатамошно задолжување.

Во периодот од 2010 до 2013 година, хрватскиот јавен долг е зголемен за 77 милијарди куни, осносно 23 базични поени од БДП.

Истовремено, државните гаранции изнесуваат 54 милијарди куни.

До крајот на годинава се предвидува дека јавниот долг на Република Хрватска ќе достигне 268,6 милијарди куни или 81,8 проценти од БДП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП