19 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАПравите некоја од овие работи? Тогаш колегите со сигурност ве мразат!

Правите некоја од овие работи? Тогаш колегите со сигурност ве мразат!

kolegi2

„Тешките“ соработници можат да ви ја нарушат рамнотежата на работа.

Станува збор за луѓе кои имаат цела низа на досадни и иритирачки карактеристики, поради кои тие не се омилени кај колегите. Погледнете дали вие имате некоја од тие карактеристики, а доколу имате веднаш искоренете ја!

Неуреден колега

Како изгледа вашето работно биро? Дали е полно со ѓубре и еден куп хартија? Дали воопшто сте ја избришале работната маса откако минатиот пат истуривте кафе? Како стоите со личната хигиена, дали практикувате редовно туширање, бричење, чиста и испеглана облека?

Јас, јас и пак јас!

Обидете се да се сетите што разговаравте со колегите за време на паузата или на пијалокот после работа. Дали секоја ваша реченица започнува со зборот јас? Никој не ги сака луѓето кои постојано зборуваат само за себе и кои го прекинуваат разговорот на останатите со цел да кажат нешто за себе.

Многу добри, многу послушни и многу корисни

Дали вие сте личноста која постојано ги одобрува муабетите на шефот, или пак личност која постојано ги одобрува муабетите на останатите? Дали секогаш сте први со пофалбите кон шефот? Дали се фалите насекаде за тоа како сте му го честитале успехот? Ја користите ли секоја прилика за да го погледнете и да му се насмевнете и да поразговарате со него?

Душкало

Постојат личности кои непрекинато „душкаат“ околу себе. Тоа се оние личности кои се веднаш зад вас кога водите некој разговор и постојано потпрашуваат – кој, каде, што, како – иако раговорот нема никаква поврзаност со нив.

Непристоен

На прв поглед неприсојните луѓе делуваат шармантно но со тек на времето нивната непристојност почнува да живцира. Зборуваме за личности кои без проблем ќе земат дел од вашето јадење и тоа во моментот кога јадете, без прашање ќе извадат и ќе се послужат со нешто од вашата торба или повторно без прашање ќе си присвојат нешто од вашето биро.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП