4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПродолжува жестоката кавга меѓу ЕУ и Велика Британија

Продолжува жестоката кавга меѓу ЕУ и Велика Британија

britanijaeu2326

Александер Граф Ламбсдорф потпретседател на Европскиот парламент, изјави дека Велика Британија мора да уплати дополнителни 1,7 милијарди фунти во европскиот буџет и „тоа е тоа“.

„Ако имате поголем раст на БДП од предвидениот, тоа логично значи дека морате повеќе да придонесете во буџетот на заедницата“, изјави Ламбсдорф за BBC.

Ламбсдорф, инаку германец, додаде дека Европската унија би била огорчена доколку Британците се обидат да го избегнат плаќањето на оваа сума, пренесуваат агенциите.

Европската унија бара од Велика Британија да уплати дополнителни средства бидејќи оваа година и оди добро (економски раст од 3,2 проценти), но Британците на ова барање реагираа бурно. Дејвид Камерон, британскиот премиер, му префрли на Брисел дека уште малку ќе треба да размисли ако мисли дека Велика Британија ќе ги плати тие дополнителни 1,7 милијарди фунти до први декември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП