19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААвстријците предвидуваат влошување на економската состојба

Австријците предвидуваат влошување на економската состојба

vienaavstria1

Повеќето Австријци сметаат дека ќе дојде до влошување на состојбата во економијата, поради што многумина имаат намера да заштедат дури и на подароците за претстојниот Божиќ.

Истражувањето на виенскиот неделник „Trend“ покажува дека 51 процент од Австријците очекуваат дека во наредните месеци ќе дојде до влошување на општата економска состојба.

Една третина поради тоа има намера да ги намали трошоците за подароците за Божиќ, а само седум проценти го зголемиле износот предвиден за подароците.

Запрашани каде го гледаат најголемиот потенцијал за лична заштеда, 41 процент ја навеле посетата на угостителските објекти, а на второ место биле трошоците за одмор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП