9 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ Mercedes побара помош од Brabus за моделот GLA45 (фото)

Mercedes побара помош од Brabus за моделот GLA45 (фото)

mercedesov-mali-suv

Се чини дека во споследните неколку години доминантни се модели на автомобили од видот на компактен „SUV“ и кросовери. На овој тренд не одолеа ниту „Mercedes“, кој со помош на „Brabus“ ја направи својата верзија на „SUV“ модел.

„Mercedes“ посакуваше својот модел „GLA45“ да го направи „SUV“ кој би можел да се спротивстави на најголемиот конкурент, кога овој сегмент е во прашање. Тоа нормално е „BMW“ со своите „Х“ модели. Поради тоа што „Mercedes“ неможеше сам, мораше да побара помош кај својата „братска“ компанија „Brabus“.

gla brabus1

Моделот „GLA45“ има фабрички 355 ks, но сега со тјунираниот мотор, доби дури 395 коњски или. Тоа му овозможува од место до „стотка“ да стигне за само 4.4 секунди, а масикамалната брзина изнесува 270 километри на час.

gla mali3

Промените не се однесуваат само на агрегатот, туку тјунираниот „Mercedes GLA45“, кој можте и сами да го редизајнирате, има и нови аеродинамички компоненти како што се, преден спојлер, браници, заден дифузор, спојлер на покривот, ауспух со четири цевки и алуминиумски бандажи со големина од 18 до 21 инч.

gla mali4

Поставени се и „LED“ светла под автомобилот кој во спортската верзија е спуштен за дополнителни 25mm, а во „off-road“ верзијата растојанието од земја му е зголемено за 30mm. Тука се и обилните кожени површини во внатрешноста и алуминиумските „Race“ педали.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП