26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАвстриската банка затвора 100 филијали

Австриската банка затвора 100 филијали

bankomat1

Австриската банка (Bank Austria), која е дел од Уникредит групата, затвора повеќе од 100 филијали, односно секоја трета, и ќе воведе советување преку видео чат.

„До крајот на 2015 година, една третина од околу 350 филијали ќе бидат затворени“, најави шефот на Австриската банка, Вили Чернко.

Во моментов секоја филијала на Австриската банка, чија мрежа е најголема во светот, има во просек 2000 клиенти, но тој број постојано опаѓа, бидејќи клиентите се помалку обавуваат банкарски работи преку тие филијали.

Според мислењето на Чернко,  за профитабилност на филијалите потребни се најмалку двојно повеќе клиенти.

Австриската банка, сепак, нема намера да го намали бројот на вработените, туку предвидува до 2020 година околу 40 проценти од вработените да одат во пензија.

Што се однесува на иднината на работењето, банката има намера да воведе видео банкарство – советување преку компјутер, така што клиентите би биле во можност 24 часа во денот да се советуваат со своите банкари.

Овој пилот-проект ќе започне на есен, а разговорите ќе бидат снимени, за во случај на спор да послужат како доказ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП