
Растот на британската економија забави во третиот квартал, покажаа прелиминарните податоци на британскиот статистички оддел.


Растот на британската економија забави во третиот квартал, покажаа прелиминарните податоци на британскиот статистички оддел.
Британскиот бруто домашен производ (БДП) во периодот од јули до септември е зголемен за 0,7 проценти во однос на претходните три месеци, кога тој порасна за 0,9 проценти.
Растот е малку забавен и на годишно ниво, па така во третиот квартал БДП е зголемен за три проценти, во споредба со 3,2 проценти во вториот квартал.
„Најновите бројки покажуваат дека Британија и понатака има улога на предводник во глобалната економија која е се понеизвесна“, заклучи министерот за финансии Џорџ Озборн, коментирајќи ги овие податоци.