
Британските медиуми пишуваат дека „Porsche“ развива нов електричен модел со кој ќе конкурираат на „Teslа Model S“.


Британските медиуми пишуваат дека „Porsche“ развива нов електричен модел со кој ќе конкурираат на „Teslа Model S“.
Иако засега нема многу детали, познато е дека новиот модел ќе биде верзија на идниот „Porsche Pajun“ (Pa-Panamera и Jun–Junior), како и тоа дека неговиот изглед ќе биде инспириран од концептот „Panamera Sport Turismo“ од 2012-та година.
Автомобилот најверојатно ќе се базира на втората генерација на „MSB“ платформата, а ќе го придвижува електромотор со 310 kW/416KS и 600 Nm.
Според сегашните најави, автономијата со едно полнење на литиум-јонската батерија ќе биде доволно да се поминат повеќе од 250 милји (402 km).