Грчкиот Парламент вчера го одобри владиниот предлог закон што на Грците им даца рок од осум години да ги платат заостанатите неплатени даноци, наталожени заради мерките за штедење, пренесоа американските медиуми.
Пратениците ги прифатија одредбите од законот, што даночните обврски на граѓаните ги распределуваат до 100 месечни рати.
Досега важеше правилото обврските да се плаќаат надолго до четири години. Две мали опозициски партии, исто така, го поддржаа предложениот закон, со што се постигна редок консензус во Парламентот, забележуваат американските медиуми.