17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИP&G го продава брендот за батерии Duracell

P&G го продава брендот за батерии Duracell

duracell-batteries

Американскиот гигант во сферата на потрошувачките производи „Procter & Gamble“ најави вчера голем пад во профитот како последица на девалвација на вредноста на средствата и најави дека има намера да го продаде брендот за батерии „Duracell“.

„P&G“, меѓу чии брендови се шампонот „Pantene“, прашокот за перење „Tide“ и други популарни потрошувачки производи, најави 2.01 милијарди долари кварталната добивка, или со 34.2% помалку во споредба со минатата година. Резултатот е за првиот квартал на финансиската 2015-та година за компанијата.

Најголемата причина за помалата добивка се 932-те милиони долари намалување на вредноста на брендот „Duracell“ кој „P&G“ планира да го продаде. Во август гигантот го продаде својот удел со седиште во Кина за заедничко вложување за батерии како прв чекор од излегувањето од „Duracell“.

„P&G“, кој најави дека ќе го продаде „Duracell“, размислува дали да го тоа направи преку одвојување на брендот во посебна компанија или преку директна продажба.

Компанијата најави 0,2% пад на приходите за следниот квартал или до 20.79 милијарди долари, што е малку под очекуваните од аналитичарите од 20.83 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП