28 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАИзглед кој гарантира успех

Изглед кој гарантира успех

businessman1

Водечката британска компанија за скенирање на ликови направи анализа во која истражува колку изгледот е важен за деловниот успех.

Резултатите од студијата воопшто не се охрабрувачки за лицата кои имаат светла коса. Студијата покажала дека овие лица имаат помали шанси за успех.

Авторите на студијата се обидоа да ги поврзат цртите на лицето и успехот во кариерата. Така дошле до резултат дека лицата со права и темна коса имаат поголеми шанси за успех.

Изглед на вистински лидер

Резултатите покажале дека кај мажите линијата на вилицата е клучна карактеристика кога станува збор за лидерството. Се претпоставува дека најчесто лидерите ги поврзуваме со многу силни и истакнати линии на вилицата.

Спротивно на нив, лицата кои имаа помала и ненагласена вилица ги сметаме за слаби и невпечатливи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП