21 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНајголемите шпански банки профитираа

Најголемите шпански банки профитираа

shpanija4v5rf5r

Двете најголеми шпански финансиски групации, „Bankia“ и „Caixabank“ во третиот квартал го зголемија профитот, што е охрабрувачки знак за банкарскиот сектор на таа земја.

Нето профитот на „Bankia“, која беше спасена од страна на шпанската влада, е зголемен во третиот квартал за 65 проценти на годишно ниво, на 266 милиони евра поради растечкиот обем на работење и помалите трошоци, се наведува во соопштението на банката, и се додава дека во периодот јули-септември значително е намален обемот на лоши кредити, на 13,6 проценти од целокупното кредитно портфолио.

„Bankia“ во 2012 година се најде на работ на колапс, но беше спасена благодарениe на помошта на шпанската влада која од останатите членки на еврозоната побара пакет помош од 41 милијарди евра.

Од друга страна, „Caixabank“ најголемата шпанска банка според обемот на средства, тројно го зголеми профитот во третиот квартал на 161 милион евра во споредба со истиот период минатата година, а како причина за поголемиот профит, „Caixabank“ ги наведува помалите трошоци за покривање на потенцијалните загуби и намалувањето на обемот на ризичните кредити на 10,5 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП