11 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСамо 375 луѓе ќе можат да го купат новиот McLaren P1 (фото)

Само 375 луѓе ќе можат да го купат новиот McLaren P1 (фото)

mc - p1

„McLaren P1“ има максимална брзина од 350 км/час. Ова е еден од најбрзите автомобили кои може да се купи. Се разбира не секој! Ќе можат да си го купат само 375 лица кои веќе го имаат претходниот модел „P1“.

И ако претходниот модел ги чинеше скапо со цената од 1.2 милиони долари, но тој е многу поевтин од овој кој ќе се продава за 3.2 милиони долари!

mc - p11

Овие луѓе ќе платат 3.2 милиони долари за автомобил кој не може да се вози по улиците (барем не во САД). Тоа е модел кој може да се вози по патека. Ова возило не е и во стандардите за автомобилски трки. Со два збора – сопствениците ќе платат 3.2 милиони долари за својата нова играчка.

Малку повеќе за возилото. Има 3.8-литарски V8 хибриден мотор. За да биде автомобилот полесен, внатрешноста е едноставна. Наместо кожа е употребен карбон фибер. Воланот е инспириран од моделот „MP4-23“, кој ја освои Формула 1 во 2008-ма година.

Возилото е инспирирано од моделот „McLaren F1 GTR“ – еден од најголемите тркачки автомобили на 90-тите години. Еве неколку фотографии за тоа што го добивате за 3.2 милиони долари:

mc - p12

mc - p13

mc - p14

mc - p16

mc - p17

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП