27 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАS&P го зголеми кредитниот рејтинг на Кипар

S&P го зголеми кредитниот рејтинг на Кипар

standard56poo

Американската рејтинг агенција „Standard & Poor’s – S&P“ го зголеми вчера кредитниот рејтинг на Кипар за еден степен на „В+“, наведувајќи ја како причина посветеноста на кипарската влада во спроведувањето на условите од пакетот помош и подобрите од првично очекуваните резултати за економскиот раст.

Прогнозата за крадитниот рејтинг на Кипар е оценета како стабилна, додека добриот економски напредок на Кипар ги неутрализира бројните предизвици во банкарскиот сектор, кој и понатака е преоптеретен со високо ниво на лоши кредити, пренесува агенцијата АП.

„S&P“, исто така, ја поздрави очекуваната мала рецесија на Кипар оваа година, односно економското забавување од три проценти, што е за 0,8 проценти помалку во однос на првичните прогнози.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП