21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританија мора да го пополни буџетот на ЕУ

Британија мора да го пополни буџетот на ЕУ

britanijaeu2326

Претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо, изјави дека Британија мора да биде подготвена за буџетот на Европската унија да даде и повеќе од две милијарди евра.

Да се потсетиме, таа cума вчера го разлути Лондон.

„Тоа не би требало да биде изненадување за земјите членки“, изјави Баросо пред новинарите, откако претходно британскиот премиер Дејвид Камерон, луто го одби издвојувањето на дополнителни средства од Британија за буџетот на ЕУ, пренесува агенцијата Франс прес.

Од друга страна, францускиот претседател, му посочи на Камерон, дека сите членки мора да ги почитуаат буџетските правила на Унијата.

„Почитувањето на сите договори важи за сите“, изјави Оланд на конференцијата за новинарите, на која како тема доминираше барањето кое Европската комисија вчера го упати до Лондон, барајќи од Британија дополнителни 2,1 милијарди евра за буџетот на ЕУ, бидејќи нејзината економија е во подобра состојба од останатите членки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП