18 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАБосанскиот Катастар ќе користи македонски искуства

Босанскиот Катастар ќе користи македонски искуства

katastar-zgrada3 5

Педесет службеници од Катастарот на Босна и Херцеговина денеска се во посета на македонската Агенција за катастар на недвижности.

„Пред босанските службеници се презентираат повеќе сегменти во кои Агенцијата за катастар на недвижности има големи достигнувања како што се: е-сервисите, дигитализацијата на катастарските планови, АКН веб гис порталот, катастарот на инфраструктурни објекти“, соопшти Агенцијата за катастар на недвижности.

По презентацијата службениците од босанскиот Катастар го посетија Центарот за катастар на недвижности – Скопје каде преку практични примери се запознаа со функционирањето на системите во македонскиот катастар.

„Меѓународните институции македонскиот катастар го препорачуваат на катастарите од земјите во развој. Во изминатиов период искуства од Агенцијата за катастастар на недвижности на РМ земаа катастарите на Азербеџан, Хондурас, Никарагва, Црна Гора и други“, се вели во соопштението од Агенцијата за катастар на недвижности.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП