12 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBMW има во план моќна верзија на моделот i8

BMW има во план моќна верзија на моделот i8

i8 s

„BMW“ се подготвува за голема прослава за 100 години постоење на компанијата, а едно од славеничките изданија ќе биде новиот „i8S“ кој до „стотка“ ќе стигнува за само 3.5 секунди.

Моделот ќе се базира на „i8“ со уште поспортски надворешен изглед, најверојатно две седишта, подобри сопирачки и пошироки гуми за подобра контрола.

Инфромациите за погонот и натаму не се официјални, но се претпоставува дека ќе биде твин-турбо 2.0-литарски четирицилиндарски мотор со околу 320KS (238 kW) и 3.0-литарски шестцилиндарски агрегат со околу 480KS(358 kW). Моторот моќта ќе ја испраќа на задните тркала, а електричниот погон ќе биде со 109 или 204KS и ќе биде задолжен за придвижување на предните тркала.

Благодарејќи на оваа дополнителна моќ, „i8S“ до „стотка“ ќе забрзува за само 3.5 секунди со максимална брзина од 250km/h.

Доколку се биде според планот, новиот „i8S“ на пазарот ќе се појави во 2017-та година, а неговата цена би требало да изнесува околу 140.000 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП