3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА6 министри од Западен Балкан и високи ЕУ претставници ќе разменуваат ЕУ...

6 министри од Западен Балкан и високи ЕУ претставници ќе разменуваат ЕУ интеграциони искуства

ReSPA logo

Регионалното школо за Јавна Администрација (ReSPA) на 31 октомври во Холидеј Ин Скопје – ќе организира состанок на кој ќе учествуваат Министри од шест земји од западен балкан.

Целта на оваа средба е да се оценат резултатите и напредокот на земјите од Западниот Балкан во имплементацијата на реформите во Јавната Администрација, како и размена на искуства за процесот на интеграција во ЕУ.

Станува збор за петта годишна средба на министерско ниво која ја организира РеСПА, а на која присуствуваат министрите задолжени за реформи на Јавната администрација и процесите на европска интеграција.  Домаќин оваа година е Македонија и Министерот за Информатичко општество и Јавна администрација г. Иво Ивановски, кој ќе го предаде претседавањето со РеСПА во 2015 година на Црна Гора.

РеСПА  ќе ги информира министрите за актуелниот напредок (во реформите на Јавната администрација и процесите за европска интеграција) и ќе ги претстави насоките и препораките за идниот период. Со оглед на заедничката цел, ЕУ интеграција,  состанокот ќе биде одлична можност да се разменат искуства и да се подобри соработката меѓу земјите од Западен Балкан, за кои овие два процеси се приоритети на патот кон ЕУ.

РеСПА е меѓународна организација, создадена на иницијатива на Европската унија и земјите од Западен Балкан, која работи со цел поттикнување и зајакнување на регионалната соработка помеѓу земјите-членки во областа на јавната администрација, управување со човечките ресурси и реформа на државните служби. РеСПА се стреми да понуди иновативна и креативна обука, вмрежени настани, градење на капацитети и консултантски услуги со цел да се осигура дека сите јавни администрации на земјите од регионот ќе се посветат на заедничките вредности на почитување, толеранција, меѓусебна соработка и интеграција. Седиштето РеСПА е во Даниловград во Црна Гора.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП