Иако „Lamborghini“ пред се е препознатлив како произведувач на врвни спортски автомобили, оваа компанија започна и со работа во производтво на трактори. Па така тие го претставија својот нов модел „Lamborghini Trattori“.
Кај купувачите на трактори секако прв критериум не е дизајнот при купувањето на оваа механизација, па затоа од „Lamborghini“ го ангажираа студиото „Giugiaro“. Со тоа тие сака да направат чекор кон современата технологија, па италијанскиот производител на трактори на својот нов модел вгради ЛЕД фарови.
Како што велат во компанијата, пространата и удобна кабина му обезбедува на возачот прегледност од 360 степени, благодарејќи на големата панорамска стаклена површина. Прозорите се направени од стакла кои ги рефлектираат топлинските зраци, па со тоа помалку би се загревал внатрешниот простор на кабината.
„Model Nitro“ е придвижен со четирицилиндричен „Deutz Tier 4i“ мотор, а на купувачите покрај петостепениот рачен менувач на располагање им е и турбобрзински автоматски менувач.