4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКарванот на Саеми за вработување во Неготино

Карванот на Саеми за вработување во Неготино

saemvrabotuvanjekjfrutg905skopje

Карванот на Саеми за вработување, во организација на Агенцијата за вработување на Република Македонија, денеска продолжува во Неготино.

Како што соопштуваат од Агенцијата, на саемот што ќе се одржи во ОУ „Страшо Пинџур”, ќе се претстават 50 компании.

Целта на саемот е да се помогне при доближувањето на компаниите до граѓаните, како и преглед на побарувачката и понудата на пазарот на труд.

На саемот ќе се обрати директорот на Агенција за вработување Влатко Поповски, а свои излагања и презентации ќе имаат дел од компаниите учеснички.

Првиот Саем за вработување од Карванов се одржа во Скопје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП