26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„ЕУ нема пари за сметките на Украина“

„ЕУ нема пари за сметките на Украина“

Gallery-Russia-Ukraine

ЕУ има проблеми да и помогне на Украина, пред евентуалната обнова на испораката на гас од Русија, да плати околу 4,5 милијарди долари за долгот за рускиот гас.

„Во буџетот на ЕУ за тоа пари нема. Голем проблем е тоа што сме на крајот на буџетскиот период. Украина има лимитирани средства. Буџетската година на Европската комисија завршува во минус и тоа во моментов го решаваме со министрите за финансии“, изјави новиот потпретседател на Европската комисија задолжен за енергетската унија Марош Шевчовиќ.

По последните трилатерални преговори меѓу Украина-Русија-ЕУ за испораката на гас, во настојување да се спречи репризата на гасната криза од 2009 година, кога беше прекинат транзитот на гас во Европа преку Украина, остана отворено прашањето како Украина ќе ги исплати старите долгови за гас, без што Русија не гарантира испорака на гас оваа зима.

Властите во Киев се согласија да платат до крајот на октомври 1,45 милијарди долари, но побараа од Европа нова помош од две милијарди долари.

„Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) исто така е во процедура на одобрување. Може да одобри помош, но секогаш условува со широк спектар на услови како што се реформите и промените. Тоа може да потрае некое време. Пред нас е комплициран период и ние во моментов  бараме решение“, изјави Шефчовиќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП