1 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПовторно зголемена инфлацијата во Русија

Повторно зголемена инфлацијата во Русија

inflationrussiakjdef

Инфлацијата во Русија на годишно ниво пораснала за 8,3 проценти, изјави официјалното лице од Банката на Русија, Ксенија Јудајева, повикувајќи се на податоците од статистичката служба Рос стат.

„Рос стат ја мери инфлацијата секоја недела, и откако ќе ја измери, инфлацијата расте дополнително и така таа веќе достигна 8,3 проценти“, објаснува Јудајева, првиот заменик претседател на Банката на Русија, пренесува агенцијата Тас.

Претходно директорот на Банката на Русија, Елвира Набиулина, најави дека во 2014 година под „влијание на надворешните непредвидливи фактори“ инфлацијата ќе биде на ниво од осум проценти.

Денес министерот за економски развој на Русија, Алексеј Улјукајев, изјави пред новинарите дека оваа година тој показател би можел да надмине осум проценти.

Првично Банката на Русија процени дека инфлацијата оваа година ќе изнесува пет проценти, потсетува Тас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП