25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗа „Купи куќа купи стан“ дополнителни информации на саем во петок

За „Купи куќа купи стан“ дополнителни информации на саем во петок

kupi kuka kupi stan12221

Семејството Смаѓоски од Скопје е меѓу првите кои до сопствен дом дојдоа преку владиниот проект „Купи куќа, купи стан“. По долготрајно следење на понудите во комерцијалните банки конечно ја реализираше својата идеја да купат сопствен стан преку проектот на Владата користејќи ги поволностите што ги нуди.

„Живееме под кирија. Кога беше објавен почетокот на проектот веднаш поднесовме барање и сега веќе две и пол години сме во станот што го купивме во Ново Лисиче“, вели Александар Смаѓоски.

Додава дека заштедата што ја направиле со користењето на овој субвенциониран кредит е 100-тина евра месечно, што вкупно за периодот на кој го имаат земено кредитот би била до 8.000 евра.

За сите поволности што ги нуди проектот заинтересираните од задутре може да се информираат на Првиот саем за проектот „Купи куќа, купи стан“ кој ќе се одржи во Скопје сити мол. Граѓаните на едно место до 28-ми овој месец ќе можат да ги добијат сите потребни информации и да ги остварат контактите за проектот кој, според Министерството за финансии, дава и до 14.000 евра неповратни средства за купување нов дом.

Министерството за финансии, банките и градежните компании ќе ги запознаат граѓаните со условите на „Купи куќа, купи стан“ и понудата на станови и куќи на пазарот на недвижности.

Граѓаните ќе можат да се консултираат со луѓето од Министерството за финансии лично и да се посоветуваат кој модел од проектот најмногу им одговора и кои чекори треба да ги преземат за да аплицираат. Посебни повластици и попусти корисниците на проектот ќе добијат од компании за мебел, бела техника и осигурување, кои сакаат да дадат поддршка на иницијативата.

Проектот беше промовиран во јануари 2012 година. Досега 331 семејство го решиле станбеното прашање преку овој проект. Граѓаните повеќе се решаваат за купување стан, односно од овие 331 семејство меѓу 270 и 280 се одлучиле за стан.

Проектот продолжува и наредната година. На граѓаните им се нудат два модела – половина рата за купување стан и 75 проценти за изградба на куќа. Така, на пример, за кредит од 50 илјади евра, доколку се купува стан, месечната рата во првите три години е 301,7 евра, од кои 150,85 евра плаќаат граѓаните, а 150,85 евра плаќа Владата. Во четвртата и петтата година ратата е 313 евра, од кои 156,5 евра плаќаат граѓаните, а 156,5 евра плаќа Владата. Во случај кога се купува или гради куќа за кредит од 50 илјади евра, во првите пет години граѓаните ќе плаќаат 25 проценти од ратата односно 75,4 евра во првите три години и 78,25 евра во четвртата и петтата година.

Од неодамна се намалија и каматите на овој кредит така што во моментов тие се 3,95 проценти за првите три години и 4,44 проценти за четвртата и петтата година и се најниски на пазарот.

За оние, пак, на кои им треба помош за учество Владата субвенционира половина, односно 75 проценти од учеството, во зависност од тоа дали купувате стан или куќа. Па така во овој случај за кредит од 50 илјади евра при што дозволеното учество е 12.500 евра доколку купувате стан,

Владата плаќа 6.250 евра, а доколку купувате или градите куќа 9.375 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП