22 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИYahoo забележа благ раст во третиот квартал

Yahoo забележа благ раст во третиот квартал

yahoo rast 485

„Yahoo“ ги објави своите финансиски резултати за третиот квартал според кои компанијата постигнала приходи во износ од 1.15 милијарди долари. Со тоа ги надмина очекувањата на аналитичарите кои предвидуваа приходи од 1.04 милијарди долари.

Но приходите на годишна основа пораснаа само за еден процент. Минатата година „Yahoo“ за време на третиот квартал оствари приходи од 1.14 милијарди долари. На квартално ниво приходите забележаа раст за 6.4 проценти, со износ од 1.08 милијарди долари, колку што беа забележани во текот на вториот квартал од 2014-та година.

Заработката по акции во третиот квартал изнесуваше 6.70 долари, што е многу повеќе отколку во 2013-та година, кога таа изнесуваше 0.28 долари.

Најдобри резултати забележа мобилниот оддел чии приходи преминуваат 200 милиони долари, па во компанијата предвидуваат дека мобилниот оддел до крајот на годината ќе оствари бруто приходи во износ од 1.2 милијарди долари.

Приходите од одделот за рекламирање кои прават 40 проценти од вкупните приходи на компанијата, во третиот квартал забележаа пад од 5%, додека приходите на компанијата од нивниот сервис за пребарување пораснаа за 4% или на износ од 452 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП