26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКиев доби рок од седум дена да го исплати долгот за гас

Киев доби рок од седум дена да го исплати долгот за гас

Czech Republic Gas Storage

Рускиот министер за енергетика Алeксандар Новак изјави дека на Украина и е даден рок од една недела за плаќање на долгот за гас на Русија.

Тој истакна дека застојот во испораката ќе биде суспендиран само доколку Москва добие сигурни гаранции од Киев дека долгот ќе биде исплатен.

Последната рунда преговори на Москва и Киев која беше одржана во вторникот во Брисел но не беше постигнат договор за тоа Русија повторно да ја воспостави испораката на гас, која беше прекината во јуни оваа година.

Разговорите би требало да бидат продолжени на 29 октомври, руската страна е оптимистична за постигнувањето на договорот, но таквиот став не го делат украинските лидери, наведува Ројтерс.

Премиерот на Украина, Арсениј Јаченјук изјави дека е скептичен за ова прашање, со мислење дека тоа е повеќе политички, а не економски кофликт.

Претставниците на Русија во вторникот побараа Киев да наведе начин на кој ќе ги обезбеди парите за плаќање на долгот, а неодамна Украина побара кредит од Европската унија во износ од две милијарди евра.

„Ако Украинците имаат пари, документите за продолжување на испораката на гас ќе бидат потпишани. Ако не, ќе почекаме. Ако Европа им даде пари, гасот ќе биде испратен“, изјави Новак.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП