2 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПолјаците не го сакаат еврото

Полјаците не го сакаат еврото

polskapolpol1

Повеќето Полјаци не сакаат влез на оваа земја во еврозоната, иако тоа го бара Брисел и за тоа се залагаат највисоките полски лидери.

Резултатите од анкетата покажаа дека повеќето Полјаци се против влезот во еврозоната, чии членки веќе со години се борат со економската криза.

Полска би требала да одлучи на кој пат да тргне кога станува збор за прашањето за прифаќање на еврото како своја валута по парламентарните избори кои би требало да бидат одржани на есен следната година.

Полскиот претседател Бронислав Коморовски смета дека неговата земја нема да игра значајна улога на меѓународната сцена ако остане надвор од еврозоната.

Прифаќањето на еврото би значело промена на Уставот на Полска, според кој како официјална валута се користат злоти.

Но, како што наведуваат политичките аналитичари, во парламентот го нема потребното двотретинско мнозинство за нов Устав.

Полскиот министер за финансии Матеуш Шурек изјави дека „полската врата за прашањето околу прифаќање на еврото е отворена, но дека со тоа полската економија нема да добие поттик, бидејќи таа и сега е стабила и развиена“.

Полска, како најголемата економија од европскиот исток во ЕУ, е задолжена, врз онова на условите под кои се приклучи кон Унијата, во еден момент да ја прифати единствената европска валута.

Меѓутоа, полската влада сеуште не го закажала датумот за таа одлука и нема тоа да го направи се додека не го види конечниот облик на новите институции во еврозоната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП