3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗТестирање на автомобилите до нивните крајни граници

Тестирање на автомобилите до нивните крајни граници

derek

Во текот на летото, тим од околу 50 инженери од техничкиот центар на SEAT отпатуваа во пустинската област во јужна Шпанија за да направат серија тестови на екстремни температури од над 40 °C. Оваа година новиот  Leon Х-PERIENCE беше тестиран до крајни граници на различни подлоги.

Автомобилите беа возени над 20 000 километри, а од секој спроведен тест практична корист има клиентот. На пример како знаете кога треба да го замените филтерот за воздух? Со цел да се пресмета тоа, автомобилот речиси два часа патува низ густ облак од прашина создаден од друго помошно возило. Покрај тоа има и други тестови преку кои ќе се утврди дека во внатрешноста на автомобилот нема да се појави прашина дури и во најекстремни услови.

Автомобилите беа управувани 3000 километри и преку подлога од чакал, со цел да се анализира влијанието на нерамната подлога на подвозјето, тркалата, како и на браниците.  Инженерите направија проценка на издржливоста на материјалите, кои имаат најголемо оптоварување низ животниот век на автомобилот. Во исто време се прави проверка дека ниту еден од 3 000 делови, кои го сочинуваат автомобилот, нема да прави досадни звуци зав озачот и патниците.

sejo

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП