23 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУнгарија планира воведување на данок за користењето на интернет

Унгарија планира воведување на данок за користењето на интернет

20121212-ekonomski-vodich-za-studiranje-vo-ungarija-1

Унгарија планира да воведе данок на количината на податоци која корисниците ја преземаат од интернет, во рамките на напорите да се зголемат приходите на државата.

Оваа контроверзна идеја веќе предизвика бурни реакции и негодувања на интернет како и повици за протести, пренесува Франс прес.

Некои корисници на друштвени мрежи сметаат дека предлогот не е лош на прв поглед, бидејќи и провајдерите се поканети да се вклучат во изработката на нацрт-законот и затоа што собраните пари ќе се искористат за равој на инфраструктурата.

Доколку предлогот биде усвоен како дел од даночниот закон за 2015 година, Унгарците ќе плаќаат 150 форинти (50 евроценти) за секој гигабајт податоци чие преземање ќе го започнат.

Тоа значи дека корисниците месечно би плаќале значително дополнителна сма за користење на светската информациона мрежа. Преземање од 50 до 100 гигабајти податоци месечно би чинело одолу 25 до 50 евра, покрај претплатата.

„Wall Street Journal“ пишува дека ова ќе биде само еден во низата дополнителни даноци кои се воведени откако партијата Фидес е на власт од 2010 година.

Нови даноци веќе им се воведени и на телекомуникациските компании, а се очекува дека годишно на државата ќе и донесат 65 милиони евра, се наведува во соопштението на унгарското Министерство за економија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП