15 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКазнети банките JPMorgan Chase, UBS и Credit Suisse

Казнети банките JPMorgan Chase, UBS и Credit Suisse

jpmorganco

Европската комисија вчера ги казни банките „JPMorgan Chase“, „UBS“ и „Credit Suisse“ со вкупно 84 милиони евра поради нивното учество во картели во финансискиот сектор.

„JPMorgan Chase“ е казнета со 61,7 милиони евра (78 милиони долари) поради местењето на Либор каматната стапка во периодот од март 2008 година до јули 2009 година, но и со дополнителни 10,5 милиони евра поради учеството во картел во кој ги местела каматните стапки на договорите индексирани во швајцарски франци, пренесува Ројтерс.

„Во текот на 2008-2009 година, „ JPMorgan “ во соработка со „Royal Bank of Scotland“ ги местела каматните стапки на договорите индексирани во швајцарски франци, што е уште еден пример дека банките работеле заедно наместо да се натпреваруваат“, изјави европскиот комесар за заштита на конкуренцијата, Хоакин Алмунија, пренесува Франс прес.

Поради здружувањето во банкарски картел, на „UBS“ и е изречена казна од 12,7 милиони евра, а на „Credit Suisse“ казна од 9,2 милиони евра.

За постоењето на овие картели, Комисијта беше предупредена од страна на „Royal Bank of Scotland“ поради што таа банка избегна казна, наведува Ројтерс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП