5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШвајцарија е далеку од рајот

Швајцарија е далеку од рајот

75299791354468aa83e59e784195067_orig

Швајцарија никогаш не била толку богата како денес, но сепак, парадоксално, голем број од нејзините граѓани се соочуваат со финансиски потешкотии на крајот на месецот.

Според истражувањето кое го спроведе швајцарскиот Федерален завод за статистика, девет проценти од домаќинствата едвај составуваат крај со крај, објави Унијата на швајцарските синдикати.

Во последните 20 години на економски просперитет најмногу профитирале бизнисмените, акционерите и работодавците, додека голем број на вработени останаа со празни раце, со чувство на несигурност и под голем притисок во секојдневната работа, наведува Унијата, а пренесува швајцарскиот весник „24 часа“.

За разлика од многу други земји, во Швајцарија не постои проблемот со ниски плати, туку проблемот со даночни давачки, маскираната невработеност и голем број на оптеретувања на работа, така што може да се заклучи дека „Швајцарија е далеку од рајот“, вели Унијата на синдикатите.

Истиот извор потсетува дека заработката на менаџерите од осумдесетите години до денес е значително порасната и дека во истиот период бројот на милионери во Швајцарија е зголемен од околу 200 на повеќе од 2.500.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП