29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИKFC во војна со кинеските фарми

KFC во војна со кинеските фарми

kfc_china

Американскиот гигант во областа на брзата храна „KFC“ од својата мрежа на снабдувачи исклучи преку 1000 кинески фарми.

Овој гигант сака да ја осигура безбедноста на своите производи, по скандалот со заразените кокошки, кој доведе до пад во продажбата на компанијата.

Скандалот беше откриен во декември кога Шангај и северната кинеска провинција Шанси, покранаа истрага во врска со некои од снабдувачите на „KFC“, поради тврдењата дека во пилешкото месо од тие фарми има високо ниво на антибиотик.

Откако ова излезе на виделина, продажбата на компанијата падна за шест проценти во последниот квартал од минатата година.

„KFC“ соопшти дека ќе престане да користи пилешко месо кое е под сомневање дека е ризично, но исто така ќе го унапредат процесот за одбирање на снабдувачи и ќе формираат сопствена комисија за безбедност.

„Наш приоритет е секогаш на купувачите да им понудиме најбезбедно пилешко месо со најдобар квалитет“, изјави претседателот и извршен директор на „KFC“ во Кина, Сам Су.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП