21 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОНајефикасна вечер во Лигата на шампионите

Најефикасна вечер во Лигата на шампионите

liga

Вкупно 40 голови беа постигнати на синоќешните осум натпревари од Лигата на шампионите или во просек по пет на натпревар што е најефикасна вечер откако се игра овој формат.

Инаку, на 1 септември 1997 година на 12 натпревара беа постигнати 44 голови.

Екипите на Баерн и на Шахтјор постигнаа по седум голови на гости, додека Челзи шест пати ја затресе мрежата на противникот.

Вечерта ќе ја памети и Луис Адриано од Шахтјор, кој постигна пет голови и со тоа го изедначи рекордот на Лионел Меси.

Македонскиот репрезентативец Агим Ибраими настапи за Марибор против Челзи во Лондон, играше 68 минути, а во 64.та не реализира пенал (го погоди дирекот).

Резултати од 3.коло и табели:

Е група: ЦСКА Москва – Манчестер Сити 2:2, Рома – Баерн 1:7.
Табела: Баерн 9 бодови, Рома 4, Манчестер Сити 2, ЦСКА 1.

Ф група: АПОЕЛ – ПСЖ 0:1, Барселона – Ајакс 2:1.
Табела: ПСЖ 7, Барселона 6, Ајакс 2, АПОЕЛ 1.

Г група: Шалке – Спортинг 4:3, Челзи – Марибор 6:0.
Табела: Челзи 7, Шалке 5, Марибор 2, Спортинг 1.

Х група: БАТЕ Борисов – Шахтјор 0:7, Порто – Атлетик Билбао 2:1.
Табела: Порто 7, Шахтјор 5, БАТЕ Борисов 3, Атлетик Билбао 1.

Вечерва се играат дуелите во групите А, Б, Ц и Д.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП