7 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНајскапото Porsche речиси распродадено

Најскапото Porsche речиси распродадено

spyder porsche 294

Германскиот производител е на добар пат да го повтори успехот на конкурентите, „Ferrari“ и „McLaren“, кои веќе ги распродадоа комплетните серии на своите топ модели – „LaFerrari“ и „McLaren P1“.

Потпретседателот на маркетинг на компанијата „Porsche“ во САД, Андре Остхујзен, соопшти дека не им преостанале многу непродадени возила од предвидените 918 примероци од моделот „918 Spyder“.

Тој не прецизираше колкав е бројот на автомобили кој се уште е достапен, но рече дека во производните погони работниците ќе работат до крајот на март или почетокот на април 2015-та година, со цел да ги завршат обврските кон купувачите кои веќе го уплатиле својот примерок од овој модел. Според истиот извор, досега на сопствениците им се испорачани нешто повеќе од 30 возила.

Конкурентските „Ferrari LaFerrari“ и „McLaren P1“, се распродадени уште на крајот на 2013-та година, и покрај тоа што имаат многу повисока цена од „Porsche 918 Spyder“.

Сепак, овие два модели се понудени во значително помали серии од 499 примероци (LaFerrari) и 375 единици (P1).

„Porsche 918 Spyder“ во Европа чини околу 780.000 evra, додека почетната цена за „LaFerrari“ и „McLaren P1“ изнесуваше околу милион евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП