29 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГруевски: Фокусирани сме и на градба и реконструкција на регионални и магистрални...

Груевски: Фокусирани сме и на градба и реконструкција на регионални и магистрални патишта

gruevskiintervju524vf4bv4fgb5v4

Владата освен што е фокусирана на изградба на автопатишта, не ја занемарува ниту градбата и реконструкцијата на регионалните и магистралните патишта, изјави премиерот Никола Груевски, коментирајќи го денешното потпишување на договорот со Светска банка од 52 милиони евра.

Станува збор, како што рече, за десет патишта во должина од околу 150 километри, а ќе бидат обезбедени средства за нивна градба или реновирање, односно реконструкција или реконструкција со проширување.

„Дел од нив се патот Делчево – Кочани, Маврово – Дебар, Гостивар – Тетово, Делчево – Голак и други, вкупно 10 патишта. Ова покажува дека Владата освен што е фокусирана на градба на автопатишта, не го занемарува и делот на регионите градејќи или реконструирајќи патишта во сите различни региони на Македонија“, изјави Груевски, кој денеска присуствуваше на промоција на книги од проектот „Превод на 1.000 стручни и научни книги“.

И регионалните и магистралните патишта, истакна тој, се исто така многу користени од граѓаните, а не само автопатиштата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП